Романија нема да ја блокира Македонија

Од:

Романскиот европратеник Кристиан Дан Преда уверува дека Романија нема да биде пречка за евроинтегративните процеси на Македонија, но тој е загрижен од „анимираните“ реакции кои доѓаат последно време од Бугарија. Не сака да ја коментира позицијата на шефот на романската дипломатија на тројната средба во Софија со неговите колеги од Бугарија и Грција, но тврди дека Романија ќе ја подджи Македонија на декемврискиот самит на ЕУ.

– Јас не сум портпарол на министерот за надворешни работи, јас не се ни согласувам со некои од неговите гестови, бидејќи јас сум од опозцијата. Јас ја добив истата информација, која на крајот беше демантирана од романскиот министер за надворешни работи. Ние гледаме дека Грција и Бугарија вршат притисок за да го блокираат почетокот на преговорите поаѓајќи од националистички конфронтации, кои како што знаете не ги сакаме во Европа, истакнува Да Преда во изјава за Дојче веле.

За тоа каква ќе биде романската позиција за евроинтеграцијата на Македонија тој нагласува дека Романија нема да ја блокира Македонија.

– Македонците се наши пријатели и Романија беше меѓу првите кои ја признаа македонската држава и мислам дека ќе ја поддржиме во Советот и другите европски институции, вели Преда.

Не се осмелува да дава прогнози дали во декември Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.

– Не можам да давам прогнози, но тоа што го слушнав во парламентот ме загрижува малку. Во последно време гледам од бугарската страна многу „анимирани“ реакции да не речам повеќе од тоа. Мислам дека треба да се надмине националистичката дискусија од сите страни како и блокадите бидејќи во интерес е на Европа да ја има утре Македонија како членка, смета романскиот европратеник.

За Преда е неразбирливо да се блокира една земја поради прашања поврзани со историјата и малцинствата.

– Тоа не е сериозно и тоа е неразбирливо за народот. Од друга страна гледам дека сите страни треба да направат напори за да се надминат националистичките дискусии кои се повикуваат на агресивни историски референци. Историјата е многу важна, идентитетите исто така се важни, но потребно е да се има умереност, бидејќу главната европска вредност е умереноста“, нагласува романскиот европратеник Кристиан Дан Преда.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп