Пакистанските пожарникари и денеска продолжуваат да се борат со пожарот, кој избувна вчера при експолозија на танкер за нафта во бродоградилиштето Гадани, на југозапад од Пакистан.
Бројот на загинати лица достигна до 17, а за над 20 работници состојбата е неизвесна.
– До експлозијата на танкерот дошло додека работниците расклопувале стар брод во бродоградилиштето Гадани, кое се наоѓа на 45 километри северозападно од пристанишниот град Карачи, изјави локалниот претставник на властите, Зулфакар Бохари.
– Пожарот се уште е активен, истакна тој и додаде дека протипожарните екипи се борат со огнот.
– Најмалку 58 лица се повредени при експлозијата, додека за околу 20 лица состојбата е неизвесна, посочи Бохари.
Вчера, веднаш по несреќата, пакистанскиот премиер Наваз Шариф во соопштение изрази жалење за „загубата на драгоцените животи“.
Гадани е едно од најголемите бродоградилишта во светот, основано во седумдесетите години од минатиот век.