За гласање во странство досега пријавени 5.500 лица

Од:

До Државната изборна комисија (ДИК) до 14 часот денеска за гласање во странство се пријавиле 5.500 државјани на Република Македонија. Комисијата прифатила 4.876 пријави, 118 се одбиени, додека 556 се во фаза на обработка.

Преку веб-апликацијата ставена на веб-страницата на ДИК за проверка и пријавување на лицата со спорни записи во Избирачкиот список поднесени се вкупно 114 пријави, од кои 111 се прифатени додека три се во обработка.

Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на предвремените парламентарни избори во дипломатско-конзуларните претставништва во странство и електронски завршува на 11 ноември.

Би можело да ве интересира

ДИК: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

А1он

Лога: ДИК да ја разјасни дилемата околу бројот на кандидати на советничките листи

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски