Пакистанската армија денеска соопшти дека успешно тестирала ракета со среден дострел, способна да носи нуклеарна боева глава.
Ова е осмо по ред тестирање, извршено од Исламабад оваа година на ракети со мал и среден дострел.
Ракетата „Хатф-5 Гаури“ со течно гориво има дострел 1.300 километри, потврди во соопштение пакистанската воена команда, нагласувајќи дека новото тестирање „ја зајакнува способноста за воздржаност и националната безбедност на Пакистан“.
Пакистанскиот сосед и противник Индија претходно првпат истрела пробно ракета со голем дострел „Агни-5“.