Туристичката понуда на Македонија првпат пред швајцарските туристи

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) првпат ја претстави туристичката понуда на земјава на 14-тото издание на Интернационалниот саем за туризам „iViaggiatori” во Лугано, Швајцарија. 

Како што информираат од АППТ, на саемот, што се одржува од 30 октомври до денеска, околу 26 земји и повеќе од 200 штандови се посетени од 11.000 швајцарски семејства кои се во потрага по следната туристичка дестинација.

Мнозинството од излагачите се национални туристички организации, хотели, држави и градови кои ја промовираат својата туристичка понуда, бидејќи Швајцарците преферираат да патуваат без посредник.

– Народот која има просечна плата од 5.500 евра и најголем број на патувања во текот на годината, покажа огромен интерес за природата и културата во Македонија. И покрај тоа што Швајцарците сакаат да патуваат индивидуално и самостојно, околу 30 отсто од нив преферираат патувањето да е организирано преку туристичка агенција и со фокус на летните одмори и гастрономијата. Помладите се пофлексибилни кога е во прашање должината на одморот, но се во потрага по одмор кој без исклучок вклучува активности во природа, велат од АППТ.

Според нив, и покрај тоа што омилени туристички дестинации им се соседните земји, 50.000 посетители на саемот во Лугано се воодушевиле од можноста за активен одмор во земја која е дел од европскиот континент.

– Со фреквенцијата на патување од 3-4 пат годишно, швајцарските тур-оператори сметаат дека просечен швајцарски турист може да помине 5 до 6 дена одмор во Македонија, нагласуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски