Основиот суд Скопје 1 Скопје преку соопштение ги повтори аргументите за одложување на рочиштето за „Пуч“ кои ги истакна и судијката Љубинка Башеска, дека се одложува затоа што еден од судиите – поротници по лично барање е разрешен од советот, а новоназначената поротничка Вања Шетрјова и дополнителната судија-поротничка Лидија Ивановска Поповска немале безбедносни сертификати за постапување и увид во класифицирани информации и податоци.
„Со цел да не дојде до одредени манипулации, ja потсетуваме јавностадека по конкретниот предме беа одржани 10 главни расправи од кои 6 беа одложени бидејќи обвинетите постојано беа на службени патувања, потоа 3 расправи беа одложени по барање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), од кои една расправа заради приватна прослава на обвинителката Јанева, а само минатата расправа беше одложена заради болест на еден од судиите – поротници, нешто што неможе да се предвиди. Од таму нејасно е како судот го одолговлекува предметот повеќе од една година, како што обвинуваат странките“, велат од судот.
Иако Кривичниот суд во соопштението нагласува дека 6 расправи биле одложени по вина на обвинетите и три по вина на СЈО, не наведе која е причината што судијката не го повикала лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е единствен сведок во случајот, прашање кое во судницата го поставија Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и адвокатот на одбраната, Филип Медарски.