(ВИДЕО) Шилегов: И во Радовиш не постои ниту една од најавените фабрики!

Од:

„Празните ветувања на Никола Груевски се празни ливади. Денес сме во Радовиш. Ги следиме лажните ветувања на Груевски.

Се наоѓаме во ТИРЗ зоната Радовиш.

На оваа ливада пред две години обвинетиот Никола Груевски свечено фрли лопата на камен темелник и повторно ги изговори истите лаги за странски инвестиции и за нови работни места.

Како и секаде ширум државата, Груевски ги излажа и луѓето од Радовиш за инвестициски бум, за нови работни места, за нови фабрики.

После цели две години, како што може да се види, инвестицискиот бум на Никола Груевски се сведува на израсната трева, на празна ливада.

Тука нема ниту фабрики, ниту нови работни места во Радовиш.

Ги нема ниту инвестициите од 11 милиони евра што беа најавувани. Овде требаше да има инфраструктура, улична мрежа, водоводна и телекомуникациска инфраструктура, мрежа за снадбување со електрична енергија, мрежа за снабдување со гас на фабриките.

Ако Никола Груевски лажеше за нови вработувања и нови работни места кај што ќе стигне, нему повеќе за ништо што ветува не може да му се верува.

Оваа празна ливада е доказ за тоа.

Над 6 милиони денари, народни пари од Буџетот на Р.Македонија се потрошени на оваа ливада.

Овие празни ливади ги испразнија и куќите и домовите од млади луѓе и во Радовиш и во Македонија. Фабриките што требаше да ги вработат никогаш не се отворија.

За да ги задржиме младите во нашата држава, оваа неодговорна власт мора да замине!

На 11 декември граѓаните ќе си го вратат животот во Македонија“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски