Куманово распиша тендер за семафори

Од:

Општина Куманово распиша тендер за поставување нови семафори на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и на „Егејска Македонија“ во близина на спортската сала во Куманово, соопштија денеска од Одделението за јавни набавки.

Според надлежните, вредноста на набавката е проценета на 3,4 милиони денари, договорот е за дванаесет месеци, а отворањето е закажано за трети ноември годинава. Со реализација на овој проект, нагласи Дарко Станојковски, раководител на Одделението за јавни набавки, целосно ќе биде решен сообраќајниот тек на најфрекфентниот булевар во Куманово „Октомвриска револуција“. Одговорните од локалната власт велат дека со ова решение ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи кои се случуваат во овој дел од градот.

– Тоа е една од црните точки во Куманово помеѓу постоечките два семафори на булеварот. Овој дел е голем простор се развиваат големи брзини, неретко има и ноќни трки и затоа ќе поставиме вертикална сигнализација, бидејќи секое друго решение од тип на кружен ток би узрупирал дел од зелената површина од шеталиштето, со што ќе има деградација на самото шеталиште и затоа одлучивме да поставиме семафори, изјави градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.

Тој се надева дека семафорите ќе бидат поставени најдоцна до крајот на годината.

Координаторот на советничката група на коалцијата „За подобра Македонија“, Драган Петковски, изјави дека конкретно за таа крстосница мислење треба да дадат стручни лица, но сепак, потенцира дека главно, ставот на ВМРО – ДПМНЕ е да се изгради кружен тек секаде каде што постои можност, бидејќи, потенцира е поефтино решение во однос на поставување и оддржувањето на семафорите што дополнително ја чини општината.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски