Тодоров: Прочистениот Избирачки список го демантира СДСМ за фантомски гласачи

Од:

Со прочистениот Избирачки список, по методологија како што барала СДСМ, се демантирани тврдењата на оваа опозициска партија за фантомски гласачи и за бројот на гласачите, оцени денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Со тие тврдења, рече денеска на прес-конференција Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДСМ во изминатите две години избегнувало изборно соочување и го правдало партискиот рејтинг.

–  СДСМ две години ја лажеше буквално македонската јавност дека избирачкиот список имало половина милион фантоми. Потоа раководството на СДСМ измисли дека на списокот имало 450.000 фантоми, па измислија дека имало 300.000 фантоми. Од ден во ден лицитираа со различни бројки, со нови бројки за на крај  да дојдат до измислени 150.000 фантоми со кои наводно се обидуваа да го оправдаат поразот на изборите во 2014-та година. После почнаа да вршат дополнителни притисоци со нови лаги дека немало повеќе од 1,5 милиони гласачи, рече Тодоров.

По прочистувањето на Избирачкиот список, наведе Тодоров, според официјалните податоци на Државната изборна комисија има 1.783.215 гласачи или 3.087 повеќе во однос на бројот на гласачи во 2014-та година.

– Како меур од сапуница ги снема лагите и тврдењата на СДСМ. Значи нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми. Има само уште една огромна лага на СДСМ, рече Тодоров.

Тој и порача на СДСМ дека ќе загуби на претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември, поради, како што наведе, лагите и манипулациите кон народот и деструкцијата што ја промовира.

– Народот не сака лаги. Народот е против кризата којашто ја наметна СДСМ. На 11-ти декември народот ќе гласа против лагите на СДСМ, против кризата, против Заев и против СДСМ, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“