Нашиот предлог за денешниот ручек …
Потребно е:
за ќофтињата:
1 кг мелено месо
средината од 2 кришки леб натопена во млеко
2 јајца
1 средна главица кромид, ситно сецкан
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
сол, бибер
1 лажиче мелен сув зачин
за преливот:
80 гр путер
1 рамна лажица брашно
600 мл слатка павлака
околу 80 гр рендан пармезан
сол, бибер
Подготовка:
– Сите состојки за ќофтињата ставете ги во еден сад и измесете ги со рака. Садот ставете го во фрижидер најмалку 30 минути.
– Со рака земајте од смесата и обликувајте ќофтињата. Излегуваат околу 24-25 ќофтиња.
– Увалкајте ги во брашно и ставете ги да се пржат во врело масло од сите страни. Пржените ќофтиња ставете ги на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија.
– Преминете на подготовка на преливот. Во еден сад на рингла растопете го путерот. Додадете го брашното, малку пропржете го и потоа сипете ја и слатката павлака. Измешајте и оставете да почне да врие.
– Додадете го пармезанот, измешајте додека се растопи и додадете сол и бибер по вкус.
– Овие вкусни ќофтиња може да ги послужите со тестенини, пире од компири или пак сварен ориз во прилог.