Намаз од шампињони

Од:

Потребно е:
400 гр шампињони
50 гр путер
2 лажици кечап
5 лажици мајонез
3 лажици кисела павлака
3 чешниња лук
1 поголема главица кромид
3 гранчиња магдонос
сол, бибер

Подготовка:
– Шампињоните ситно изрендајте ги. Лукот и кромидот ситно исецкајте ги.

– Ставете ги да се пржат на путер додека да испари течноста која ќе ја пуштат шампињоните.

– Сите состојки ставете ги во блендер и фино измелете ги.

– Во изладената смеса додадете мајонез, кечап, павлака, сецкан магдонос и зачини по вкус. Измешајте убаво и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска