„Претставници на Коалицијата за промени и правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО- Работничка партија) остварија средби со граѓаните од општина Аеродром, каде се разговараше за актуелните политички состојби, но пред се за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Во разговорите граѓаните го нагласија проблемот со пристап до пазарот, немањето на средни училишта, загаденоста на воздухот и слично.
Голем број граѓани ја искажаа загриженоста за иднината на државата, прашаа кога ќе се смени власта, дали се можни промени, дали ќе има ли одговорност за грабежот и дали ќе има избори.
Павле Трајанов, претседател на ДС, изјави дека Платформата за учество на изборите и Изборната програма се подготвени.
Трајанов нагласи: “Се залагаме за минимална плата од 300 евра, најниска пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра, потоа за одговорност на тие што стекнаа огромен капитал на криминален начин и забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години.”
Наша цврста определба е дека само со промена на власта се отвораат перспективи за иднината на земјата.
Коалицијата за промени и правда разговара за проширување на истата, со други субјекти, на принципиелни основи, но изборниот модел (Македонија со шест изборни единици) не притиска и на “непринципиелни коалиции”.
Сè уште нема конечен договор кои други партии ќе бидат дел од Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.
Во врска со работата на СЈО, Трајанов очекува, наскоро СЈО да објави по чиј налог и кој прислушкувал преку системите на МВР, кој бил корисник на прислушкуваните разговори, како и покренување на постапка за одговорност“, се вели во соопштението на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.