(ВИДЕО) Шекеринска: Сите граѓани ќе имаат бесплатно болничко лекување

Од:

Граѓаните на Македонија заслужуваат квалитетно и достапно јавно здравство. Недозволиво е во нашава држава во 21 век, здравјето и животот на граѓаните да зависат од тоа дали можат да си дозволат болничко лекување, од тоа дали има или нема лекови во болниците и клиниките па и од тоа дали има или нема доволно лекари којшто ќе им ги понудат тие медицински услуги, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

„Затоа нашиот План за живот во Македонија презема обврска за бесплатно болничкото лекување за сите граѓани. Тоа значи дека ќе ја укинеме болничката партиципацијата и секој граѓанин без разлика на неговата финансиска или социјална состојба да може да си дозволи болничко лекување, тогаш кога му е најпотребно, и тогаш кога има најголеми проблеми.

Нема да дозволиме да продолжи праксата во која болници, клиники имаат огромен недостиг на лекови.

Граѓаните на Македонија, имаат право да имаат квалитетен лек и дома и во болница.

Заради тоа настаните којшто се случуваат на овие клинки, особено Клиниката за Онкологија, мора да станат минато.

Граѓаните на нашата држава мора да имаат квалитетно јавно здравство, ама тоа е невозможно ако немате доволно лекари, и доволно квалитетлни лекари во јавното здравство.

За да ги заштитиме, за да ги задржиме лекарите и медицинскиот персонал во јавното здравство, за да го спречиме, овој голем одлив и во приватното здравство и во странство ќе ги зголемиме
платите и на лекарите и на целиот медицински персонал, на тој начин ќе овозможиме добра здравствена заштита, квалитетна здравствена заштита за секој граѓанин во Република Македонија.

Само на таков начин ќе добиеме јавно здравство кое што ќе лекува. Само на таков начин граѓаните на Република Македонија, ќе се одлучат за живот дома во татковината“, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ