Јужнокорејската претседателка вовлечена во политички скандал

Од:

Јужнокорејската претседатлека Парк Гуен-Хје се соочува со барања да поднесе оставка, по обелоденувањето на информациите дека на нејзина блиска пријателка и дозволила да се меша во „државни работи“.

Како што јавија јужнокорејските медиуми, станува збор за 60-годишната Чои Сун-сил, која иако не извршува никаква официјална државна функција, имала „клучно влијание во донесувањето на ставовоите на претседателката“.

Чои Сун-сил е ќерка на покојниот основач на верскиот култ Црква на вечниот живот, Чои Тае-мин. Таа се зближила со Парк уште во 1974 година, набрзо по убиството на нејзината мајка и според јужнокорејските медиуми, уште од тогаш со својата квази-верска мистика имала влијание врз актуелната претседателка.

Јужнокорејското обвинителство официјално покрена истрага против Чои Сун-сил поради сомнеж дека го користела своето пријателство со Парк за да издесјтвува донации од повеќе компании, меѓу кои и „Самсунг“, за две непрофитни фондации, што таа ги формирала, со што остварила лична корист.

Документи од компјутерот на Чои Сун-сил до кои дошла телевизијата ЈТБЦ укажуваат дека таа ги редактирала некои од клучните говори на Парк и дека имала пристап до доверливи информации, меѓу кои и такви кои се однесуваат на врските на Сеул со Јапонија и Северна Кореја.

Некои медиуми тврдат и дека Чои има сопствен круг на помошници кои ја советуваат Парк околу именувањето на државни функционери и околу носењето на секакви одлуки, од политички, па до тоа што да облече.

По обелоденувањето на овие информации Парк јавно се извни што го „загрижила народот“, но скандалот резултираше со пад на нејзината поупларност, која е на досега нејниско ниво од нејзиниот избор за претседател во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски