Во Делчево почна вакцинирањето против грип

Од:

Од денеска во Центарот за јавно здравје Делчево започна вакцинирањето протов сезонски грип за што се обезбедени 550 вакцини.

Д-р Јелица Стојковска, спец.епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Делчево истакна дека интересот кај лицата кои сакаат да ја примат оваа вакцина е голем и очекуваат на првиот ден да се вакцинираат околу 200 пациенти.

– Брoјот на обезбедени вакцини соодветствува со бројот со кој работевме минатата година. Инаку, сакам да потенцирам дека овој тип вакцини против грип штити од 2 поттипа на грипот од типот А и еден поттип од типот Б, што значи вакцината е комбинирана од три вируси и пожелно е да се вакцинираат хроничните болни и лицата со намален имунитет и на возраст над 50 години, а вирусот дава имунитет една години, затоа е пожелно еднаш годишно да се вакцинираат овие лица, рече Стојковска.

Таа додаде дека вакцинирањето против сезонски грип во М. Каменица ќе се реализира наредниот петок.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Од палење гуми во двор, пожар се прошири во шумата кај делчевско Бигла

А1он

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните