Идеални за сите вљубеници на кафе и мелени лешници …
Потребно е:
150 гр путер
2 јајца
150 гр шеќер во прав
2 лажици јако кафе
30 гр остро брашно
60 гр пржени лешници
изрендана кора од 1 лимон
Подготовка:
– Оставете го путерот да стои на собна темература за да омекне. Потоа ставете го во еден сад заедно со брашното и со раце убаво истискајте ги за да се соединат.
– Додадете ги јајцата, шеќерот, кафето и изренданата кора од лимон и мешајте додека да добиете хомогена смеса.
– Со оваа смеса наполнете го готварскиот шприц, одберете некој облик за колачињата и обликувајте ги сите колачиња на намастена тава на меѓусебно растојание од 5 см.
– Колачињата посипете ги со исецкани пржени лешници и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 12-15 минути.