Многу се вкусни и декоративни …
Потребно е:
4 јајца
1/2 китка блитва
4 парчиња шунка
50 мл млеко
1 лажица брашно
прстофат прашок за пециво
сол и бибер, по вкус
Подготовка:
– Убаво измијте ја блитвата, исчистете ја и исечете ја на ленти.
– Жолчките, млекото, брашното и блитвата ставете ги во еден сад и измешајте ги. Посипете со сол и бибер.
– Посебно изматете ги белките и додадете ги во претходната смеса. Убаво измешајте.
– Смесата сипете ја во намастена четвороаголна тава (25х28 см) и на рингла испржете ја долната страна на палачинката. Потоа внимателно превртете ја и испржете ја од другата страна.
– Испржената палачинка ставете ја на рамна површина, распоредете ја шунката и замотајте ја како ролат.
– Пред да ги послужите исечете ги на помали парчиња.