Повеќе од 90 мигранти се водат како исчезнати, откако нивниот чамец потонал во бпизина на брегот на западна Либија, изјави портпаролот на либиската крајбрежна стража, Ајуб Кашем.
Тој додаде дека крајбрежната стража спасила 29 мигранти на околу 40 километри источно од брегот на Триполи.
Во гумен чамец, според тврдењата на преживеаните, имало вкупно 126 лица, пред да се искине од едната страна, по што почнала да влегува вода во него, додаде Кашем.