Кирацовски: Граѓаните не им веруваат на партиските кадри во институциите поставени од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Наместо министерката Арсовска Томовска да ги штити партиските интереси на политичката партија од која е поставена, треба своите декларативни заложби за фер и регуларен изборен процес, да ги покаже на дело и час поскоро јавно да се приклучи кон нашата мисија за спречување на евидентните закани и притисоци, неправилности и нерегуларности кои се секојдневно се случуваат.

Фактот што досега ниту една пријава за политичко влијание и притисок не стигнала до министерката и министерството, јасно укажува дека граѓаните воопшто не им веруваат на партиските кадри вградени во институциите, поставени од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните многу добро знаат дека изворот на сите нерегуларности во изминатиот период, не може истовремено да биде и фактор за нивно решавање.

Денешната прес конференција на министерката не е поради нејзините заложби за фер избори, туку поради стравот од масовните претставки и пријави до кабинетот на дополнителниот заменик министер Кирацовски, од страна на граѓаните и вработените во државната и јавната администрација, кои за многу скоро ќе бидат процесуирани до надлежните институции.

Ние продолжуваме со нашата мисија да ги обезбедиме сите услови граѓаните да можат слободно да ја изразат својата политичка волја.

Во Република Македонија мора да им и ќе има само фер, слободни и регуларни избори“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, М-р Александар Кирацовски на прес конференцијата на министерката М.Арсовска Томовска, 26.10.2016 година.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on