Темс: И покрај проблемите ќе сториме се за да победиме

Од:

Американецот Ксавиер Темс е еден од најстандардните во составот на МЗТ Скопје Аеродром сезонава, која за македонскиот шампион не почна баш идеално и сигурно е еден од најголемите адути на тренерот Александар Јончевски пред вечерашниот дуел на домашен терен против хрватска Цедевита.

Тоа ќе биде втор меч за „металците“ во Еврокупот, во кој беа слободни во претходното коло, а на стартот претрпеа несреќен пораз на гостувањето кај Лиеткабелис со кош буквално во последната стотинка. Сино-белите вечерва ќе бидат сериозно ослабени со оглед на отсуството на Шарлон Клоф, Ѓорѓе Дреновац и на Марко Симоновски, кои поради повреди ќе го пропуштат овој натпревар. Но и покрај тоа, Темс најавува голема борба и обид да се дојде до драгоцениот триумф и покрај големите проблеми со кои се соочуваат тој и неговите соиграчи.

– Свесни сме дека ова ќе биде исклучително тежок меч за нас со оглед на отсуството на дури тројца стандардни првотимци. Но, тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Ќе мора да бидеме максимално фокусирани и да ја искористиме секоја шанса која ќе ни ја укаже противникот. Против себе имаме крајно реномиран тим, но знам дека сите што ќе играме ќе сториме се што е во наша моќ за да дојдеме до првиот триумф во Еврокупот, изјави Темс за клупскиот сајт.

Делумна шанса дека може да се стори нешто повеќе и покрај неиграњето на тројца стартери дава информацијата од Загреб дека управата на Цедевита решила да ја прекине соработката со тројца кошаркари, меѓу кои се Хопсон, Стоктон и Дукан. Тие воопшто не се во Скопје, но и покрај тоа загрепскиот состав на располагање има многу квалитетни кошаркари, кои влегуваат како фаворити во вечерашниот дуел во „Јане Сандански“ закажан за 19 часот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он