Ако сакате пилешки крилца задолжително подгответе ги на овој начин …
Потребно е:
5 пилешки крилца
50 гр лебни трошки
30 гр пармезан
1 чешне лук
1 лажица сецкан свеж магдонос
1/2 лажиче мелена црвена пиперка
50 гр путер
сол, бибер
Подготовка:
– Измијте ги пилешките крилца и посипете ги со сол и бибер.
– Во еден сад измешајте ги лебните трошки, ренданиот пармезан, ситно сецканиот лук, магдоносот и мелената црвена пиперка.
– Увалкајте ги крилцата во горната смеса и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Полијте ги со растопениот путер.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути или додека да добијат убава румена боја.