Потребно е:
300 гр шарени тестенини
200 гр димена сланина
3 жолчки
200 мл павлака за готвење
50 гр пармезан
сол, бибер
Подготовка:
– Тестенините сварете ги во солена вода според упатството на пакувањето. Исцедете ги.
– Кратко пропржете ја исецканата сланина.
– Изматете ги жолчките и додадете ја павлаката за готвење. Садот ставете го на рингла и загревајте ја смесата.
– Пред да почне да врие тргнете го садот на страна, додадете го пармезанот и посолете.
– Сосот соединете го со тестенините.
– Ставете во чинии и одозгора ставете од пропржената сланина и зачинете со мелен бибер.