Претседателот Ѓорѓе Иванов одлучи да не замине на централната прослава по повод 100-годишнината од албанската независност, што во среда ќе се одржи во Тирана.
Од Вила Водно потврдија дека Иванов ја откажал посетата на Тирана поради последните инциденти, без да наведат повеќе детали.
Откажувањето на посетата следува по минатонеделната посета на премиерот Никола Груевски на Тирана, кога автомобилот во кој тој се превезуваше беше гаѓан со јајце и пластично шише, а државните македонски знамиња поставени низ улиците на Тирана во чест на неговата посета беа симнати и запалени.