Македонскиот ракометен шампион Вардар постигна нова победа во СЕХА лигата откако вчера вечер на гости го победи тимот на Нексе со 30:27. Ова за Вардар е вкупно осма победа во ова натпреварување на девет одиграни натпревари.
Најефикасен на натпреварот беше играчот на Вардар Лука Циндриќ со 9 голови, додека кај Нексе 8 голови постигна Ведран Зрниќ.
Табела: Вардар 25 бодови, ППД Загреб 15, Мешков Брест 13, Веспрем 12, Горење 9, Цеље 9, Нексе 7, Металург 4, Татран Прешов 3, Извиѓач 0.