“Се обврзуваме во Програмата сите студентски домови во оваа држава темелно да ги реконструираме и се обврзуваме во рамките на Гоце Делчев и Стив Наумов со изградба на нови легла, на мултифункционални театарски и кино сали, со изградба на нови библиотеки, читални, кафетерии и мензи да изградиме 2 ултрамодерни студентски центри на тие локации.
Ова се човечките предуслови коишто мораме да ги обезбедиме на студентите кои се иднината и моторот на оваа држава.”, рече во гостувањето Стефан Богоев, претседател на СДММ во емисијата “Избор на народот” на ТВ Сонце.
Станува збор за дебатната емисија во која претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски избегна соочување и покрај поканата, а се говореше за проблемите на младите, програмските решенија на партиите за нивно решавање.