Во Тетово одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Со свеченост пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово денеска беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Активностите започнаа со интонирање на химната на Република Македонија и едноминутно молчење во чест и слава на сите кои ги дале животите за слободата. Реферат за значењето на празникот пред присутните прочита професорката по историја Оливера Гиченко.

– Во состојби на терор како од турската власт, така и од пропагандите на соседните држави Македонците успеваат да ги негуваат и искажат своите национални чувства. Сите знајни и незнајни јунаци, борци, преродбеници и други ја носеа Македонија во своите срца. Можеби имаа различни методи, приоди и начини на борба но целта им беше иста слободна и самостојна македонска држава што се реализираше со борбарта против фашизмот во Втората светска војна и особено референдумот од 8 Септември 1991-та година, рече Гиченко.
Во рамките на одбележувањето на празникот цвеќе на споменикот на револуцијата положија делегација на Сојузот на борци Тетово, од тетовската касарна Народен херој Кузман Јосифовски Питу и гарнизонот на АРМ, претставници од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово, делегација на Здружението на бранители „Бедем”, од Здружението на пензионери – инвалиди на трудот и делегација на Српската заедница во Македонија, регионален одбор Тетово.

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници.

Би можело да ве интересира

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври