На Либијците исцрпени од војната им недостига животот под Гадафи

Од:

Танјуг – Белград

Пет години по бунтот во кој беше убиен либискиот лидер Моамед Гадафи, на жителите на таа земја која е во хаос, исфрустрирани од секојдневните несреќи, им недостасува животот под долгогодишниот диктатор, јавува АФП, пренесува Танјуг.

По пет години откако Гадафи беше заробен и убиен, Либија и понатаму е нестабилна при што политичките и воените ривалски сили ја саботираат одржливата држава и се борат против џихадистите, а жителите на Триполи велат дека се исрцпени од недостиг на струја, раст на цените и недостиг на пари, додека судрените власти и полицијата се борат за контрола над распарчената земја богата со нафта.

„Неволно го кажувам ова, но подобро живеевме под претходниот режим” – наведе 42 годишниот фармацевт Фејза ал-Наас, додавајќи дека денес Либијците со часови чекаат пред банките за да измолат малку од сопствените пари, додека се стана три пати поскапо.

Од друга страна, некои Либијци истакнуваат дека хаосот во земјата се шири како последица од повеќедецениската лоша управа под поранешниот диктатор.

„Денешната борба на Либијците е логична последица на 42-годишното систематско уништување и саботажи” – од страна на државата, вели Абдерахман Абдел (32), архитект кој бара работа.

Владата на национално единство која ја поддржуваат Обединетите нации се обидува да ја зацврсти власта во земјата откако е воспоставена во Триполи во март оваа година, додека ривалскиот парламент на крајниот исток на земјата одбива да ја отстапи власта, потсетува француската агенција.

Неодамна владата претрпе нов удар кога противничките сили ги заземаа клучните канцеларии во главниот град и прогласија повторно стапување на сила на третата администрација која и претходно беше основана во Триполи.

Гадафи, кој 42 години владееше со Либија, е убиен на 20 октомври 2011 година, додека се обидуваше да побегне од родниот Сирт, а три дена подоцна поранешниот бунтовнички Национален преоден совет (NTV) прогласи „целосно ослободување” на Либија и соопшти дека над 30.000 луѓе загинале во 9 месечните демонстрации со поддршка на НАТО кои почнаа како дел од „арапската пролет”.

Во меѓувреме, радикалните исламисти ги искористија либиските демонстрации како изговор за создавање на зона на влијание и насилството се рашири, Либија уште повеќе потона во хаос поради што странските делегации се повлекоа од земјата, а извозот на нафта падна откако беа затворени терминалите за испорака.

Општиот хаос кој настана по убиството на Гадафи овозможи на џихадистите на Исламската држава за себе да создадат засолниште на прагот на Европа, откако во јуни лани го заземаа Сирт.

Силите на лојалната влада на национално единство пет месеци се борат да ги истераат и последните џихадисти од поранешното засолниште на Исламската држава, со поддршка на воздушните напади на САД.

Лојалистите ослабеа од борбите против ИД, па силите на чело со контроверзниот маршал минатиот месец ги заземаа клучните нафтени терминали на исток, овозможувајќи на Националната нафтена компанија да го продолжи извозот на сурова нафта.

Парламентот на истокот на земјата го поддржува Калиф Хафтар, кој се претставува како „спасител на Либија” пред зголемената џихадистичка закана, но кој истовремено создава длабоки поделби.

Иако војската на Хафтар истера многу џихадисти од Бенгази, од каде почна бунтот во 2011 година, критичарите го обвинуваатг дека тој има за цел само да дојде на власт за да воспостави нова воена диктатура.

„Либијците се принудени да бираат меѓу две крајности: хаосот со полициите и исламистичките екстремисти како доминантни сили, или воена власт” – вели либискиот аналитичари Мохамед Елџар од Центарот Рафик Харири од Блискиот исток, додавајќи дека не се нуди ниту една друга убедлива опција.

Долготрајниот хаос, покрај тоа, овозможи на трговците со луѓе да ја зголемат својата добро платена трговија во медитеранскиот регион, при што стотици мигранти кои сонуваат за Европа се дават во морето близу до либискиот брег, заклучува француската агенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски