ВМРО-Народна партија иронично вели дека изразува голема задоволство и ја поздравува конечната одлука на српските власти за реализација на промената на улицата во Белград, што десетици години го носеше името на големиот народен трибун Гоце Делчев.
„Со овој непријателски чин кон Р.Македонија, дефинитивно паднаа маските и на виделина излезе сето лицемерие што Србите долго го прикривале за да ги придобијат симпатиите од македонскиот народ. Сепак, добрата страна од сето ова е што македонските граѓани можат да извлечат поука и потрезвено да размислуваат за наводно добрите намери и симпатии што доаѓаат од Србија.
Во образложението на српските власти за причините за промена на името на улицата, се истакнува дека Гоце Делчев е бугарски деец и терорист, подржан од царскиот двор од Софија и висок функционер на ВМРО, која подоцна прерасна во организација што се бореше против српската окупација“, соопштува партијата на Љубчо Георгиевски.
ВМРО-Народна партија ова го смета за голем предизвик за македонската историска, научна и академска дејност, да ја потврдат или отфрлат вистинитоста на наведените квалификации за личноста и делото на Гоце Делчев.