Силите лојални на либиската Влада за единство денеска ослободија 13 странци, кои беа заложници во Сирт на Исламска држава.
– Ослободен е еден државјанин на Турција, еден на Египет и 11 жени од Еритреја, за кои се верува дека биле заложници на борците на ИД, се посочува во соопштението на либиските сили.
Силите лојални на либиската Влада во Сирт се борат против преостанатите џихадисти, кои воглавно се протерани од градот по офанзивата што беше преземена во мај.