Трговскиот центар „Кора“ во белгискиот град Шатле е евакуиран откако тројца вооружени мажи се обиделе да ограбат златарница.
Инцидентот заврши со бегство на напаѓачите. Тие побегнале со возило со украдени регистерски таблички, јавија локалните медиуми.
– Во инцидентот не е истрелан ниту еден куршум и никој не е повреден. Тројцата напаѓачи биле вооружени со најмалку еден „калашњиков“, но немаше пукотници, изјави полицискиот претставник Ерик Де Брабандер.
Претходно, дел од евакуираните граѓани изјавиле дека слушнале истрели, но се работело за кршење на излогот на златарницата.
Засега нема навестување дека инцидентот е поврзан со тероризам.