Спречен обид за кримчарење 11 мигранти

Од:

Припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) од составот на баталјонот на Воена полиција (бВП) во раните утрински часови во близина на браната Паљурци на правецот кон Богданци во пограничното подрачје на територијата на Република Македонија, спречија обид за криумчарење мигранти во моторни возила кои биле управувани од македонски државјани.

АРМ соопшти дека во акцијата е спречено нелегално минување на 11 странски државјани од кои шест се деца.

Согласно надлежностите, возилата со возачите и нелегалните минувачи се обезбедени и предадени на надлежните органи од МВР на понатамошната постапка.

– Припадниците на АРМ повеќе од една година, со извршување на задачи како што се: набљудување, патролирање и извидување во реонот на одговорност, спречија десетици, а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница, така што денес вкупната бројка изнесува над  дваесет илјади.

Мерките кои АРМ ги спроведува согласно доделените задачи од одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили, во поддршка на МВР и граничната полиција, низ зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница даваат позитивен ефект и соодветен придонес во зачувувањето на безбедноста на граѓаните на нашата држава.

АРМ е подготвена да одговори на секаков облик на безбедносно нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, вклучувајќи ги обидите за насилно влегување на територијата на нашата држава, што е присутно од почетокот на мигрантската криза, се наведува во соопштението од АРМ.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод