Британецот Кларк нов член на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Кошаркарскиот репрезентативец на Велика Британија, Даниел Кларк е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска и официјално ги заврши сите формалности околу потпишување договор со актуелниот македонски шампион.

Станува збор за кошаркар висок 210 см. кој игра на позицијата силно крило, но кој по потреба може да биде искористен и како класичен центар. Изминативе десетина години настапуваше во шпанска АЦБ-лигата и тоа почнувајќи од тимот на Естудијантес, каде што пред точно една деценија го имаше сениорското деби на 18-годишна возраст, преку Бреоган во следните две сезони како позајмен играч, Лаборал Куча, Сарагоса, Фуенлабрада до Андора Морабанк, каде што во минатиот шампионат настапуваше заедно со македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски.

Кларк летово беше дел од селекцијата на Велика Британија, за која дебитира во 2009 година и со која играше на ЛОИ 2012 во Лондон, во квалификациите за ЕП 2017, каде што беше во иста група со Македонија. Новиот член на аеродромци на шесте одиграни средби оствари завиден просек од 13,7 поени и 4,7 скока и тоа за 20-ина минути поминати на паркетот. Британците, кои се пласираа за следниот континентален собир, остварија победи во двата меча против жолто-црвената селекција (96-79 дома и 89-62 во Кавадарци). Кларк на првиот дуел постигна 10 поени (2/4 за 3п, 1/4 за 2п, 2/3 за 1п) заедно со осум скока и четири асистенции додека на втората средба беше уште порасположен со учинок од 21 поен (4/7 за 3п, 4/7 за 2п, 1/1 за 1п) и пет скока.

28-годишниот Кларк Британецот во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа на местото на Џеремаја Мејси, со кого неодамна беше раскинат договорот. Тој синоќа пристигна во македонската престолнина, каде што ќе го има првото запознавање со новите клупски колеги. Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува веќе в недела против Карпош Соколи на домашен терен во рамки од 6. коло од АБА лигата.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он