Есен е и е време за подготовка на колачи со тиква …
Потребно е:
1 тиква
Подготовка:
– Тиквата убаво измијте ја. Отсечете ги краевите на тиквата.
– Ако тиквата е долгнавеста пресечете ја по должина и потоа парчињата на пола, а ако е округла пресечете ја на пола. Исчистете ги семките.
– Длабока тава обложете ја со алуминиумска фолија.
– Ставете ги парчињата тиква во тавата со кората свртена нагоре.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 1 час. Проверете, ако е омекната тогаш е готова, ако не оставете ја уште малку да се допече. Оставете сосема да се излади.
– Со лажица вадете ја внатрешноста на тиквата и измелете ја убаво во блендер. Пирето од тиква треба да биде хомогено без грутки.
– Вака подготвеното пире може веднаш да го користите за подготовка на колачи или пак да го поделите на порции и да ги замрзнете.