Вооружен маж држеше 15 лица како заложници во супермаркет во Брисел, па се предаде на полицијата

Од:

Главниот град на Белгија и седиште на главните институции на Европската унија, денеска повторно беше безбедносна мета, јави дописникот на МИА од Брисел. Непознат маж, вечерва, во проблематичната бриселска населба Форест, вооружен со нож држеше во заложништво 15 лица во супермаркетот „Керфу“.

Како што јавува фламанската национална телевизија „ВТМ“, по едночасовна заложничка дрмаа, при која интервенираа и специјалните сили на белгиската полиција, вооружениот маж им се предал на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Белгија, а ниту еден од заложниците не бил повреден.

Оваа информација, официјално предмалку ја потврди и градоначалникот на Форест, Жан-Марк Гисел, посочувајќи дека се работело за вооружен грабеж, кој очигледно отишол во погрешна насока за криминалецот, па тој морал да земе како заложници 15 лица во супермаркетот. За среќа, спеицјалните сили не морале да интервенираат, бидејќи мажот самиот се предал без поголем инцидент.

Инаку, бриселската населба Форест, заедно со Моленбек-Сен Жан и Андерлехт важат за упоришта на исламски радикализам во главниот град на белгиското Кралство, каде, меѓудругото, летово беа уапсени и лицата што учествуваа и беа поврзани со терористичките напади на аеродромот Завентем и на метро-станицата Малбек, порано годинава, кога загинаа 31 лице, а стотина беа повреднеи.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски