Ако имате останати белки ова е идеја како да ги искористите …
Потребно е:
6 белки
150 гр шеќер во прав
100 гр брашно
100 гр вишни од компот
1/2 кесичка прашок за пециво
50 гр растопен путер
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги билките со шеќерот во прав во густ шлаг.
– Сипете го растопениот путер и измешајте.
– Брашното соединете го со прашокот за пециво и додадете го во изматените белки. Повторно измешајте.
– На крај додадете ги исцедените вишни и измешајте.
– Смесата сипете ја во калап за печење (30х10 см) кој претходно сте го намастиле со путер.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.
– Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав.