„Фејсбук месинџерот“ минатото лето ја достигна бројката од една милијарда корисници, но тоа не значи дека компанијата ќе прекине со иновациите.
Новитетот најавен за во блиска иднина е „чет“ опцијата „Предлог теми“ (conversation topics). Предлозите ќе се генерират врз основа на активностите на социјалната мрежа, како што се страниците и групите моментно актуелни за корисникот, настаните за кои е заинтересиран и слично.
„Предлог темите“ на страницата ќе се појвуваат под името на корисникот, во вид на досегшните „известувања“. Целта на таа идеја е едноставна – кога не знаеме како да започнеме разговор или пак, да обновиме старо пријателство, Фејсбук ни предлага начин.
Моментно, опцијата е во експериментална фаза.