(ВИДЕО) Шилегов: Груевски, каде се фабриката и работните места во Демир Хисар?

Од:

„Се наоѓаме во Демир Хисар пред поранешната фабрика „Застава“.

Пред само седум месеци Никола Груевски и неговиот дил-ориентед министер Владимир Пешевски лажеа дека токму овде, во оваа фабрика ќе влезе странската инвестиција на компанијата ,,СТС Текстајл.

Овде требаше да работат над 150 граѓани од Демир Хисар. Се најавуваше и забрзан економски раст на овој крај.
Граѓаните на Демир Хисар беа излажани дека реализацијата на договореното е во тек.

Како што можете да видите, инвеститор нема. Фабриката ,,Застава“ е празна, а и ветените стотици и илјадници работни места ги нема.

Лажеш Никола!

За да биде истата лагата поголема, истата оваа странска инвестиција и илјада работни места сега ја ветуваш на граѓаните на Велес.

Тажната вистина е дека илјадници граѓани на Македонија се изиграни од Никола Груевски за нови вработувања.

Исто како и во Демир Хисар се лажеше и во Ранковце и во Крива Паланка. Таму досега требаше да бидат вработени околу 6.000 луѓе во Веибо !?

Се излажа и во Свети Николе. Зар треба да потсетуваме на Субрата Рој и на неговите 20.000 крави. Таму се излажа и за фабрика за печурки.

Токму заради ваквите лаги 630.000 граѓани ја напуштија земјата во потрага по достоинствена работа и достоинствен живот.

Од оние коишто останаа да живеат во Македонија половина милион живеат во глад и сиромаштија.

На 11 декемрви, лагите и политиките што ги осиромашија и изневерија граѓаните ќе го доживеат својот крај“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ