Хрватското МНР: Изјавите на Николиќ се лоша порака

Од:

Хрватското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на претседателот на Србија Томислав Николиќ за денешен „Курир“ не придонесува за нормализација на односите во регионот и оти претставува лоша порака за односите меѓу Хрватска и Србија.

– Непријатно сме изненадени со изјавите на претседателот на Србија Томислав Николиќ, изнесени во интервју објавено денеска во весникот „Курир“, кои ниту малку не придонесуваат за нормализација на односите во регионот и ги сметаме за лоша порака за односите меѓу Хрватска и Србија, се наведува во соопштението на Министерството.

Во соопштението исто така се отфрлаат сите тврдења изречени за Хрватска во интервјуто.

– Хрватска е земја, која ги почитува и ќе ги почитува правосудните органи, како единствен можен начин за функционирање на државата. Таквиот став е во темелите на воспоставувањето на правната држава, која меѓу останатото е и претпоставка за членство во Унијата, се вели во соопштението.

Хрватското МНР потенцира дека несогласувањето со пресудата на Хашкиот трибунал за ослободување на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач е работа на личен став на секој поединец. – Хрватска ја прифати соработката со Судот, донесе и Уставен закон за соработка со Хашкиот трибунал, а сите свои обврски ги исполни во согласност со меѓународните норми, право и обврски, нагласува Министерството.

Николиќ во интервјуто изјави дека односите со Хрватска не одат во добра насока. – Претседателот на Хрватска до оваа пресуда бараше причини да не се помириме. Сите приказни дека е лут, бидејќи јас сум кажал нешто во врска со Вуковар се лага. Тој ја очекуваше оваа пресуда. Тој сега би сакал да разговараме – јас како претседател на народот кој вршел злосторства и тој како претседател на народот кој не е за ништо осуден, рече Николиќ.

Тој истакна дека е циничен и повикот на генералот Готовина, кој ги повика Србите да се вратат.

– Што сака да се соберат и уште еднаш да ги протера и убие, за да ја заврши таа работа? Повеќе да не го бараат ниту имотот, рече Николиќ.

Би можело да ве интересира

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ