Тодоров: Немаме идеално здравство, но тоа постојано се развива

Од:

Здравството не е иделано, има и ќе има многу проблеми и предизвици, но секогаш кога го оценувате правете го низ призма на споредба – какво било и какво е сега. Немаме најдобар здравствен систем, но тој постојано се развива и, согласно со мудра стратегија, се инвестира еднакво во сите негови столбови – во инфраструктура, опрема и во човечки капацитети, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната панел-дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „За здрав живот“.

Набројувајќи ги новините во здравствената политика, го посочи проектот „Мој термин“ и праша дали во минатото пациентот можел во точно одреден термин да оди на лекар. Посочи дека според анкетите, 70 проценти меѓу пациентите и меѓу вработените во здравството се задоволни од таа реформа.

Ги спомна и отворањето на државната кардиохирургија, детската кардиохирургија, новата болница во Козле, постојаната едукација на доктори во странство, набавените компјутерски томографи, магнентни резонанци и ангиографи низ целата држава, набавката на амбулантни возила за итна помош…

Во 2005 година, рече тој, пациентите биле приморани да чекаат и да умираат или, оние што имале пари – да одат во соседни земји. За интервентна кардиологија, рече Тодоров, пред десет години се чекало од шест до осум месеци, а на Онкологија пациентите со тешки малигни болести чекале една година зрачна терапија за која денес се чека три подготвителни дена.

На панел-дискусијата „За здрав живот“ учествуваа и директори на клиники и болници и претставници од министерствата за здравство и за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните