Фино лесно предјадење …
Потребно е:
1 тиквичка
1 кисела павлака (180 мл)
1 лажица путер
15 листови нане
сол
Подготовка:
– Тиквичката измије ја убаво и исечете ја на кругови. На малку маснотија испржете ги од двете страни додека да поруменат.
– Наредете ги во длабока чинија и посолете.
– Во тава на рингла загрејте го путерот и додадете ја киселата павлака и листовите нане.
– Со сосот прелијте ги тиквичките и послужете ги.