Фестивал на фигури од овошје и зеленчук

Од:

Шестиот Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“, денеска традиционално се одржа во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Учествуваа ученици од 22 основни училишта од земјава, кои изработуваа фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук.

Основната цел на фестивалот, како што вели организаторот Slow Food „Св. Наум Охридски“ од Скопје, е преку забава и работа, учениците – учесници меѓусебно да се запознаваат и дружат, како и да се надминат сите видови различитости (етнички, верски, интелектуални).

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој присуствуваше на фестивалот, посочи дека овој настан е пред се благодорен и ја покажува големината, квалитетот и потенцијалот кој го имаат учениците со посебни потреби.

Но од друга страна, како што додаде, на овој настан се гледа и исклучителната хуманост која ја покажуваат учениците од над 20 основни училишта од Македонија кои изработуваат  фигури од овошје и зеленчук заедно со учениците од посебното училиште  „Св. Наум Охридски“.

– Со изработката на фигурите од овошје и зеленчук учениците ја покажаа својата креативност. Ова е многу значајно пред се за инклузијата на учениците со посебни потреби во секојдневното функционирање во делот на креативноста и развојот на нивниот капацитет, рече Ристовски.

Според заменик министерот за образование, само на ваков начин – со директен ангажман може да им се помогне на децата на кои им е потребна дополнителна поддршка, пред се во делот на образованието.

Прифаќањето на децата со посебни образовни потреби од општата популација, како што вели организаторот, е движечката сила на самиот проект „Здрави навики преку здрава храна“, преку кој, пак, учениците се едуцираат за здравата храна, како и за хигиената и културата при исхраната.

На манифестацијата учествуваа Ристо Самарџиев, Маја Вукичевиќ, Риплеј, Иве и Кики, Војче Китановски, Адријана Алачки, Никола и Марк од Брза кујна и сликарот Живко Поповски – Цветин.

На крајот на фестивалот на најуспешните екипи ќе им беа доделени награди и пофалници.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело