Еден интересен рецепт за подготвување на риба …
Потребно е:
700 гр филети од некоја морска риба
1 јајце
150 гр бланширани кикирики
1 лажица соја сос
крупно мелена сува чили пиперка
сол
магдонос
за слатко-лутиот сос:
2 чешниња лук
1 луто пиперче
1 лажиче сол
1 лажица шеќер
2 млади кромидчиња
2 лажици соја сос
1 помала китка магдонос
3 лажици маслиново масло
1/2 лимон
Подготовка:
– Прво направете го слатко-лутиот сос. Во аван истолчете го лукот и лутото пиперче со сол и шеќер. Во добиената паста додадете сецканиот млад кромид, соја сосот, сецканиот магдонос, маслиновото масло и сокот од лимон. Убаво измешајте и додадете акоима потреба уште сок од лимон или шеќер.
– Кикириките истолчете ги во аван или крупно измелете ги. Додадете малку ситно сецкан магдонос, сол и чили по вкус.
– Изматете го јајцете со соја сосот. Секој филет риба поминете го низ изматеното јајце, а потоа едната страна увалкајте ја во смесата со кикирики.
– Во загреана тава на маслиново масло испржете ги парчињата риба, прво од страната со кикирики, а потоа и од другата страна.
– Во чинии ставете парче риба и по краевите прелијте ги со слатко-лутиот сос.