Полнети запечени кифли

Од:

Неверојатно вкусни …

Потребно е:
2 поголеми кифли
3 јајца
сол
100 мл млеко
50 гр колбаси
20 гр пармезан
неколку чери домати

Подготовка:
– Изматете ги јајцата и додадете ги солта и млекото. Колбасите исецкајте ги на коцки.

– Кифлите засечете ги од горната страна по целата должина. Издлабете ја средината.

– Во внатрешниот дел на кифлите ставете од сецканите колбаси, сипете дел од изматените јајца, па повторно наредете од колбасите и на крај посипете со изрендан пармезан.

– Ставете ги да се запечат во зареана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути.

– На печените кифли наредете исечени чери домати и посипете со сецкан свеж магдонос.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска