Организацијата „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денеска ги прогласи за воено злосторство воздушните напади, извршени од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, врз погребната церемонија во Сана во саботата.
Според организацијата, во двата напади врз погребната церемонија, на која се очеуваше да присуствуваат високи претставници на армијата и полицијата, загинаа голем број цивили.
Во нападите беа убиени речиси 140 лица, а 600 беа ранети.
Сара Лиа Витсон, директорката на ХРВ за Блискиот Исток, изјави дека за случајот треба да се спроведе меѓународна истрага.
Според неа, нападот врз погребот во Сана е дел од мноштвото напади на коалцијата против бунтовниците во Јемен.