Одиграни четири реванш дуели од осминафиналето на Купот на Македонија

Од:

Познати се првите четири екипи кои ќе играат во четвртфиналето на Купот на Македонија по одигрувањето на четири реванш дуели од осминафиналето.

На дуелот одигран на стадионот „Чаир“ во Скопје Шкупи и во реваншот славеше победа над второлигашот Академија Пандев. Попладнево беше 3:1 или со вкупни 4:1 го елиминира тимот на Академија Пандев.

Две победи постигна и Брегалница против Тетекс. Попладнево го совлада противникот со 2:1 или со вкупни 6:1 го елиминираа тимот од Тетово. Два триумфа оствари и Победа Прилеп против Новаци. Попладнево беше 5:0, а на првиот дуел 2:1.

Најнеизвесно беше во Турново каде Хоризонт и Силекс одиграа нерешено 3:3 и кратовчани благодарение на победата на првиот дуел (2:1) со вкупни 5:4 се пласираа во четвртфиналето.

Следната среда се играат два дуела: Шкендија – Работнички (2:0 прв натпревар) и Вардар – Влазерими (3:1), додека во четврток играат Ренова – Пелистер (0:2).

По откажувањето на Младост Царев Двор екипата на Металург без борба се пласира во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска