Владата ќе ја награди со 4.200.000 денари младинската фудбалска репрезентација

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал, при што им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство, соопшти владината прес-служба.

Димитриев ги информирал присутните дека Владата на денешната седница донела одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4.200.000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат.

Димитриев истакнал дека фудбалерите и спортските работници покажале правилен пример дека во бранењето на боите на државата не постојат разлики по однос на етничка, верска и каква било друга припадност и дека таквиот пристап обезбедува позитивни резултати во секоја сфера од значење за граѓаните. Димитриев истакнал дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија и им се заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани.

Потенцирал дека Владата во границите на своите ингеренции и надлежност останува подготвена за натамошна поддршка на младинската репрезентација во пресрет на подготовките и настапот на европското првенство за млади во фудбал, истовремено додавајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура и со реализација на мерки за поддршка на спортот, се посочува во соопштението.

Претставниците на фудбалската федерација и младинската фудбалска репрезентација се заблагодариле за приемот и за искажаната поддршка и изразиле позитивни оценки за проектите кои Владата ги реализира за поддршка на спортот и фудбалот.

Премиерот Димитриев им посака успех и среќа на фудбалерите и спортските работници за настапот на европското првенство, како и за развој на нивните индивидуални кариери.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска