(ВИДЕО) Шилегов: Ќе го ослободиме партискиот музеј на обвинетиот Груевски од лажните херои

Од:

„Денеска се наоѓаме пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност за кој се потрошени повеќе од 17 милиони евра, пари на граѓаните, а во него воопшто ги нема клучните датуми и ликови од македонската борба за државност и самостојност!

Воопшто не се спомнува 11 октомври, кој вчера го славевме како ден на народното востание и борбата против фашизмот. Ги нема првоборците од 1941, првите партизански одреди, клучните битки во НОБ, во кои партизаните и партизанките се изборија за македонската држава.

Од музејот се избришани создавањето на македонска народноослободителна војска, Февруарскиот поход, првите органи на народната власт.

Почитувани граѓани и граѓанки,

Оваа зграда не е Музеј на македонската борба за државност!

Во оваа зграда антифашистите се претставени како крвници, а фашистите и нивните соработници како жртви на комунизмот.

Во оваа зграда нацистичкиот слуга Ванчо Михајлов е претставен како херој, а се негираат вистинските херои од НОБ пожртвувано се бореа и се изборија за слобода и држава со име Македонија.

Во овој музеј нема место ни за клучните политички фигури кои се изборија без капка крв за самостојна Република Македонија!

Во името на сите комити, партизани и политичари кои се бореа, се изборија и ја изградија македонската држава, во името на правдата, во името на вистинската историја на Македонија, ветуваме дека по 11 декември ќе го ослободиме партискиот музеј на обвинетиот Никола Груевски од лажните херои и од лажната историја“, изјави  Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски