Проички со ајвар

Од:

Вкусни и одлично изгледаат …

Потребно е:
120 гр пченкарно брашно
120 гр бело брашно
1 прашок за пециво
3 јајца
100 мл масло
1 чаша кисела павлака (180 мл)
4 лажици ајвар
150 гр фета сирење
1 лажица сусам + за посипување
1 лажиче сол

Подготовка:
– Во еден сад соединете ги двете брашна и прашокот за пециво.

– Изматете ги белките. посебно изматете ги и жолчките со маслото и потоа додадете ги во изматените белки. Додадете ги киселата павлака и ајварот. Изматете додека да добиете хомогена смеса.

– Посолете и додадете ги сусамот и издробената фета. Измешајте.

– Добиената смеса сипете ја во калап за мафини, посипете ги со сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 25-30 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска