Одлуката за испраќање војници во мировните операции поддржана од членовите на Комисијата за одбрана

Од:

Комисијата за одбрана и буџет при Собранието на РМ денеска ги проследи во понатамошна постапка двете точки кои беа на дневен ред, а се однесуваа на испраќање војници во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан и еден припадник на АРМ во „Алтеа“ во Босна и Хрцеговина.

Заменик министерот за одбрана Беким Максути појасни дека се работи за испраќање 38 војници кои ќе учествуваат во мировната операција во Авганистан која ќе важи од март до септември 2017 година, односно дел се од декември 2016 до јуни 2017 година.

– По овој датум најверојатно ќе има нова одлука од НАТО, а ние како Министерство ќе одлучиме дали и колку војници ќе учествуваат во следниот период, рече Максути.

За одлуката за испраќање на припадник на АРМ во Босна и Херцеговина, заменик министерот информира дека се работи за доктор кој ќе биде упатен во тимот на доктори во кампот „Бутмир“ крај Сараево од декември 2016 до јуни 2017 година

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он