СДСМ: 300 илјади граѓани вклучени во вториот пензиски столб се финансиски оштетени

Од:

„Денешната изјава на министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски уште еднаш покажува дека тој не ги разбира работите.

– Со предвремената продажба на еврообврзницата што приватните пензиски фондови мораа да ја направат заради законските промени донесени од власта, 300 илјади граѓани вклучени во вториот пензиски столб се финансиски оштетени.

– Кога тие 300 илјади граѓани ќе станат пензионери, нивните пензии ќе бидат пониски од пензиите што ќе ги имале ако приватните пензиски фондови не беа принудени пред време да ја продадат еврообврзницата.

– Навистина е срамота што министерот за труд и социјална политика толку долго време не може да го разбере она за што зборуваме.

– Да заклучиме, штетата за овие 300 илјади граѓани во вториот пензиски столб е веќе направена, податоците тоа неумоливо го покажуваат и тука не помага било каква изјава на министерот Спиро Ристовски“, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје